2.7.10

Темен и олуен ден:

Кога мачките започнаа да цимолат,
како сцена од некој евтин хорор филм
облаците почнаа да се фарбаат во црно.
Зад гранките на маалскиот дрворед
за кој се грижеше само комшијата од втори,
се виде ненадејна светлина која траеше 2 секунди.
Од неколку страни се слушнаа спуштања на ролетни
како никој да не сакаше да види што се случува надвор.
Смешно...Дувна ветре како некој да замавнал со голема
шарена лепеза. Се слушнаа и удирања на неколку
капаци од прозорци.
Од крајот на улицата се виде една женичка како
го убрзува нејзиниот мирен чекор.
Кога веќе јасно се виде,
цупкаше како да е тетка Биберче кога и гори под нозете.
Се слушна ѕвонлив удар на капка на плехот од стан бр. 32.
Откога се направија неколку воздишки,
неколку збрчкувања на челата се осети мириз на дожд.
Веќе немаше време ни за свртување на погледот
кога се слушна пороен дожд. Во истиот момен се слушна
и грмеж, а и ветерот стана посилен.
Како сите да се натпреваруваа мегу себе. Смешно...
Веќе немаше никој на улиците, веќе не беа отворени прозорците,
ливчињата се нишаа како да се пијани, а дождот врнеше
на сите страни како да е луд. Смешно...
Сите се исплашија, а тоа беше само еден темен и олуен ден.

1 comment:

  1. Zivo i poletno napisano, mozes da ja osetis olujata koja se sprema dodeka go citas ova :)

    ReplyDelete