9.7.10

Мали, слатки уживања:



Потребни се:
- една дрвена закачалка која се собира и шири,
- селотејп,
- ножици,
- темперни бои.



На местата кои што сакате да се формираат риги,
злепете парчиња од селотејпот. На некои места тие може
да бидат погусто залепени едни до дриги, на некои поретко.



Со различни бои, оние кои што вас ви одговараат,
офарбајте ги сите места на закачалката и оставете ги
неколку минути убаво да се исушат.



Потоа извадете го селотејпот и на празните места додајте
точки во еден или повеќе редови.




На крајот одкога ќе се исушат сите делови подеднакво,
излакирајте ја целата површина на закачалката со лак
за дрво за да не се оштетува при расклопувањето или
пак истата да може да се пребришува.





Се надевам ви се допадна оваа незначителна декорација
која создава значителни ентериери :)




No comments:

Post a Comment