28.7.10

Кога летото се сервира:

Можете ли да си замислите сега:



Едно тропско островче, со неколку куќи. Вие сте во една од


тие мали коцкасти куќи, со рамни кровови и дрвени платформи.





Седите на терасата под шарена сенка која ја формираат


белите платна над вас. Читате книга, и одвреме навреме


застанувате, погледнувате во тиркизниот океан и впивате


голтка од ладното кафе.



За момент се подзамислувате, дали одкога ќе го


испиете утринското кафе да нурнете во шумолењето


на брановите или едноставно да се прошетате низ

локалните барчиња каде што ви нудат ладно пиво


и печени кикирики.




Сепак решавате да го оставите ова за покасно,


а сега станувате и одите кон мрежата закачена

за двете дрва близу до терасата и легнувате

гледајки ги големите листови на палмите

прошарани со боите на небото.




Од некаде се слуша ведар глас на некој локален

продавач и се стрчувате да видите што можете да

го купите и да му го направите денот убав.


Забележувате дека тоа е тропско овошје и после

мало подзамислување решавате да купите ананас.


Се враќате во куќата и седнувате на малата


дрвена маса во кујната. Во истиот момент

почнувате да правите коктел декориран со

кругчиња од ананасот и големи вртени цевки.



Овој пат седнувате на бело дрвено столче со

со потпирач од бамбус и ногарки во вид на клацкалки.

Пуштате тивка музика и уживате во амбиентот...





Убаво е да се избега од секојдневието барем за момент нели? :)






1 comment:

  1. мммммм дааа.. баш би сакала! :D

    ReplyDelete