30.7.10

Топлата клима во ентериерот:



Јас сеуште сум на тема на летото :) Можеби затоа што многу повеќе го сакам
од зимата или можеби затоа што ме потсеќа на сите оние места на кои што
сакам да живеам - каде што преовладува топла клима...
Како и да е... Еве неколку мои совети како може ентериерот стилски да се преобрази
со некои мали промени:



Ако размислуваме за некој стил кој што е реткост кај нас како на пример

мексиканскиот, мароканскиот или бразилскиот (сите со топла клима), едно
е заедничко во сите три стила, а тоа се храбро офарбаните ѕидови со силни
бои. Како портокаловата, сината, црвената, жолтата и сл.
Друга сличност кај нив се просториите во кои влегува многу светлина и
играта на сенки, која толку мнооогу ми се допаѓа. Играта на сенки најчесто
ја постигнуваат со параваните кои ги поставуваат низ собите, на прозорците,
преградите од трски и бамбус, ресите на вратите и сл.





За вашиот дом да потсеќа на некој од овие стилови, доволно е еден ѕид
од собата да го офарбате во бојата која на вас најмногу ви се допаѓа, не
заборавајте дека таа мора да биде силна и одредена нијанса, а не бледа
или мешавина од неколку нијанси. Лесните тенки и прозрачни завеси
исто така можат да помогнат во надополнување на амбиентот (истото
важи и за нивната боја). Пожелно би било да се употреби малку мебел и

со темна боја на дрво, а местата за креветите, фотељите и перничињата
да се обложат со шарени мотиви. Не заборавајте дека поради ваквиот стил
собата секогаш мора да биде исчистена од начичкани сувенири и
дополнителни детали кои само ќе го отежнат амбиентот на просторот.

No comments:

Post a Comment