4.8.10

Идеа за убав ден:

Еве една идеа за симпатична рамка за слика која може да ја направите за 15 минути.



Потребни ви се : еден капак од некаква картонска кутија што не ви треба, еден сет дрвени штипки, лепак, темперна во сина боја и четка.




Штипкте раздвоете ги на два дела, односно само извадете им го механизмот како што
е прикажано на сликата.




На лента од обичен лист хартија ставете лепак само на почетокот и на завршетокот од лентата и залепете ја одозгора на едната страна на капакот. Тоа ќе биде местото од каде што ќе ја ставате фотографијата.



Почнете да ги лепите дрвените парчиња на капакот внимавајки на делот каде што ја  ставивте лентата од харија парчињата да бидат залепени само врз неа прi што ќе овозможува целиот тој дел да се крева за фотографијата.
Многу е веројатно да ви остане празно делче поради форматот на кутијата и на штипките, па за да не ги сечете истите употребете една цела нерасклопена штипка на тоа место, залепена наопаку за да може да се закачи уште нешто.

На крај само премачкајте ја со сува четка и темперна боја во светла нијанса на сино целата рамка и финалниот дизајн би изгледал некако од прилика вака :)

5 comments:

  1. aaaaaa многу прекрасно!! Браво! :)

    ReplyDelete
  2. Ej ćao, super su ti rukotvorine, baš si kreativna i maštovita! svaka čast! :) :)

    ReplyDelete
  3. Фала за сите коментари, баш сум среќна ако ви се допѓаат! :)

    ReplyDelete
  4. Divno! Baš si mi ulepšala dan, zaboravimo često da se u najobičnijim stvarima krije lepota.

    ReplyDelete