6.8.10


Замислете си дека живеете на некое друго место...
Во некое мало италијанско гратче со тесни калдрмести улички... Седите на мала тераса со ограда од ковано железо. Едноставно уживате во вревата на секојдневните минувачи и мирисот на тазе печени кроасани со чоколадо. Некој од доле ви довикува да се симнете и да отидете да ја посетите штотуку наместената узложба во музејот со високи тавани и широки простории. Ги потргнувате завесите кои што се влечкаат на подот за да влезете внатре во апартманот. Ја палите високата лампа од платно кое завршува со реси. Поминувате покрај малата комода со една фиока и криви ногарки. Одите до големиот плакар со вратички кои наликуваат на дрвени ролетни и го вадите долгиот омилен шал. Одкога сте го замотале околу вратот се погледнувате во огледалото со дрвена рамка потпрано на подот и излегувате од собата, одите по тесниот ходник се до влезната врата на апартманот...

2 comments:

  1. Se naeziv... Kolku zivopisno ja opisa atmosferata, potpolno me obzema :) Ne znam dali si go gledala filmot Enchanted April, mislam deka bi ti se svidel. Jas probav da go najdam da go simnam, ama ne uspeav, deka angliski televiziiski film e. Proveri i ti, ako sakas, a mozebi ima i vo video klubot da se iznajmi (toa valjda uste postoi?) :)

    ReplyDelete
  2. Леле Виткорија исто и ја ко Вера... ептен се занесов со текстчево.. :| преубаво.. :)
    А лампава твој дизајн? Баш би сакала и ја една ваква.. :D

    ReplyDelete