8.8.10

Во акција!:

За сите оние кои што го сакаат дизајнирањето на ентериери, сега ќе имаат можност да го гледаат од блиску. Целата постапка почнувајќи од нула :)
За овој проект планот беше да се почне одма после одморите и да се работи секој ден по малку. Епа одморите за мене како и за повеќето веќе пројдоа, а сега следуваат плановите за новата работна година :)


Ова е една симпатична просториичка која до сега се користела како магацинче, а од сега па натаму треба да ја прилагодиме да биде дизајнерско студио...место за работа, место за креации, место за уживање. На располагање имам неколку парчиња мебел кои што тереба да се редизајнираат, префарбаат, разместат и слично. Скиците ги имав спремено поодамна меѓутоа тие нема да ви ги прикажам за да не ви откријам од одма како е замислено да изгледа ова место :)

Првиот ден, односно вчера почнавме со полесна работа, во однос на останатото што треба да го направиме. Задачата беше да ги префарбаме овие столчиња целосно во бела боја и да добиеме еден интересен дизајн кој што е доста употребуван во новите дизајни на ентериери. Во изминатава 2010г. овој вид на столчиња доста се употребуваа префарбани во било која друга боја, освен кафената.



Вака се одвиваше нашата работа, но сепак не беше довршена истиот ден поради тоа што мораше да ги оставиме столчињата да се исушат до нареднот ден и да ги префарбаме уште еднаш.

No comments:

Post a Comment