11.8.10


Овој ден беше предвиден за некои набавки. Може да се каже дека го прошетавме цел град за да го купиме се она што ни треба за следнот чекор од проектот. Најпрво купувавме боја. Сакајки се да офарбаме во бело нормално е дека ни е потребно повеке боја отколку што си мислевме. :) Потоа купувавме даскички ( за нив подоцна ќе ви зборувам, кога ќе им дојде редот за правење) и на крајот биравме тапет кој што најмногу ќе одговара за она што сакаме да го постигнеме. Мислам дека направивме супер избор, а за тоа дали вие се согласувате ќе ни кажете утре одкога ќе видите што сме направиле од него.
На сликите можете да видите само преместување на мебелот онака како што мислам дека е најправилно да биде поставен. Денес само за тоа ни остана време...

No comments:

Post a Comment