11.8.10

Тапет и Идеја:


Ова се реквизитите со кои располагавме петтиот ден, а истите можете да ги искористите и вие за да го постигнете следново.



Потребни ви се:
тапет по ваш избор, линеар, ножици, лепак за тапети, сад за лепакот и едно мало ваљаче.



На еден стар плакар кој што е добро зачуван, а сакате да му дадете еден нов изглед и модернистичко освежување потребно е да се одбере некој убав тапет и добра волја.
Измерете ги поголемите површини и исечете парчиња од тапетот со исти димензии.
Потоа нанесете лепак со ваљакот на самите парчиња и залепете ги на површините.




Многу е важно да изберете неколку површини на кои што сакате да го залепите тапетот
затоа што ако се заборавите во лепењето на сите делови, плакарот воопшто нема да има нагласени делови и целиот ќе изгледа како украсна кутија за подароци.




Ние ги обложивме само оние делови кои што се од предната страна на плакарчето, а ивиците помеѓу нив ги оставивме во основната кафена боја. Вдлабнатините ги офарбавме во бело...тоа беше некој наш избор, вие можете во било која боја, а и не морате ако немате услови за таков зафат.



Се надевам дека оваа идеја ве инспирира да направите нешто ново во вашиот дом! :)




1 comment: