16.8.10

Освежени столчиња:

Јас навистина се извинувам затоа што волку касно ви ставам фотографии од она што го работевме пред два дена меѓутоа имаме проблем со префрлањето на фотографиите од апаратот. Како и да е, ова е се што работевме осмиот ден. Малку по малку просторот почнува да наликува на она што го очекуваме :)

Да ви ги објаснам фотографиите: на тие најгоре можете да видите како ги претапациравме столчињата. Истото можете да го направите и сами на некои стари столчиња. Го одштрафивме горниот дел и со платно по наш избор почнавме да ги хевтаме од
внатрешната страна. Алатчето е слично на обична хевталка, само е наменето баш за тапацирање на полесен материјал. Можете да го најдете во било која продавница за алат. Јас најчесто се наоѓам во Хубо Маркет :)

За даскичките што ги купувавме пред некој ден ви кажав дека подоцна ќе ви објаснам за што ни требаат, па еве сега од фотографиите можете да видите дека од нив замислив да правиме рамки, некои обложени со платна некои за слики, но еден цел ѕид да биде како изложбен дел на ова дизајнерско мини студио.





Сега столчињата изгледаат многу посвежо од порано ;)

No comments:

Post a Comment