19.8.10


Единаесеттиот ден беше наменет за оваа подна лампа која ја правевме по примерот на јапонските осветлувања. Конструкцијата за која ми помогна Сале е направена од дрвени рамки а на крај ја обложивме со тенка (скиц хартија) која претходно ја изгужвавме.
Ова е идеа која можете и сами да ја направите на некоја стара лампа. Потребно ви е хартија и храброст цела да ја изгужвате како кога сакате да фрлите непотребен документ :) Потоа растегнете ја и превиткајте ја старата ваша лампа. Овој дизајн одговара на секаков ентериер.

1 comment: