22.8.10

Ова ми е омиленото парче кое го смислив уште во првичните скици и едвај чекам да го наместиме. Иако го вбројувам во 14-тиот ден во ниеден случај не можев да го направам за еден ден. Го правев неколку дена по ред, малку по малку...
Ова парче всушност претставува визуелна преграда, како некој параван кој ќе го дели просторот на два дела. Едниот дел ќе биде наменет за работа, а другиот за релаксација. Мнногу едноставно се прави, а ефектот е голем. Можете и сами да направите ваква преграда, а сега ќе ви кажам како:
Ќе купите неколку хамери во зависност од колку парчиња ќе сакате да направите. Потоа нацртајте една форма која што ви се допаѓа и исечете ја. Јас овие форми ги правев во големина од 20cм на 20cм за полесно да можам да ги комбинирам и пресметувам колку би ми требале. Потоа можете да ги облепите од двете страни со проѕирнасамолеплива хартија и на некој начин ќе изгледаат како пластифицирани и нема лесно да се оштетуваат. Рабовите може да се декорираат со нешто, во мојот случај со цик-цак штеп на машина за шиење. Онаму каде што треба да се спојуваат може да ги споите со дупчиња и конец, со мали бесопасни и со се што мислите дека би можело да изгледа интересно. Ефектот како изгледа просторот ќе ви го покажам утре :)

No comments:

Post a Comment