26.8.10

Покана:

Во врска со масичката и лампата за која ви зборував малку се одолговлечи целата работа. Овие предмети ќе бидат сигурно, како додаток во ентериерот но од една масичка излегоа две, а и од лампата најверојатно ќе излезат две. Вчера ги правевме нив и речиси се готови и вечер ќе можете да ги видите на овој блог. Како и да е за осветлување никогаш немојте да мислите дали е премногу. Ако светилките се добро се искомбинирани поубаво е во ентериерот да има извор на светлина од повеќе агли, дури и онаму каде што не се очекува.

Во врска со поканата, Магдалена реши да прави забава по повод отварањето на нејзиното атеље. Ќе се одржи во сабота во 9 p.m. и ќе биде релаксирано забавно презентирање на се она што направивме заедно овие 20тина дена. Како и поканата која Магдалена ја направи така и другите детали на забавата ќе бидат стилски направени. Сите читатели на мојот блог се поканети, а за оние кои што нема да дојдат секако дека ќе можат се да видат на блогот :)

2 comments:

  1. Kmek, bas mi e krivo sto nema da bidam tuka za Otvaranjeto :-\ ama prva prilika doagame vo Skopje, pa ke moze edna mini prezentacija da ni napravite ;)

    ReplyDelete
  2. оууууу јеееее! се разбира дека ќе може, само вие дојдете-и пак ќе правиме отварање... ;)))

    ReplyDelete