27.8.10


И конечно... Ги објавувам последните дизајни од овој мој проект на дизајн студио за графички дизајн. На фотографиите се уште неколку дизајни кои ќе ви објаснам како се направени за да можете и вие сами да ги направите или едноставно да ја споделите идејата со некој.

Ова е мала масичка која служи за оставање на некои по мали и споредни предмети како мобилен, клучеви, тефтерче со пенкалце и сл. Направена е од четири саксии кои ги споивме од внатрешната страна со жица, а на крајот додадовме еден стар послужавник и целата масичка ја офарбавме во бело. Лесно нели? :)


Ова е нешто што излезе спонтано поради тоа што немавме доволно рамки за да ги ставиме сите дела кои што ги има иработено Магдалена. Оваа идеја мислам дека ја имам видено во некое од списанијата кои што редовно ги купувам ама прекрасен ефект се добива особено за сите колекционери на некакви картички, сликички, флаерчиња и слично.



Оваа лампа е сличен дизајн на оние што претходно ви ги имам покажано. Ја направив со калап и хартија. Постољето е од оние големи апарати за мелење бибер.




Масичка која не беше бела но секако според нашите вкусови мораше да ја обелиме.
Иако мене ми се допага да е целосно бела,




на Магдалена многу повеке и се допаѓа да наликова на јајце на око :) Па затоа што е нејзино
студиото, се согласивме оваа масичка да остане масичка-јајце како интересен детал во
просторот. :)





Некои од рамките ги пополнивме со делата на Магде, некои намерно ги оставивме празни,
се на се овој ден беше последниот ден и со задоволство можам да кажам дека ова дизајн студио целосно ме обзеде. Бев целосно внесена во работата па дури и кога не работев мислев на неа. Едно гооооолемо фала до Магде и Сале кои што секој ден ми помагаа во реализацијата на идејата за да излезе вака како што го гледате на фотографиите. Се надевам и вие уживавте во ова мое проектче и најдовте идеји кои можете да ги примените во вашиот ентериер.






1 comment:

  1. Se izgleda fenomenalno, bravo! Mnogu ubavo izleze ateljenceto. Sekoja cest za snaodlivost i ideite :) :) Lampite se genijalni, site, ne bev svesna od kolku razni materijali mozes lampa da napravis :D A masickata "jajce na oko" e top, haha, kolku se vooduseviv, epten e vo fazonot na Magde :D :D se vo se, cestitki za uspesno realiziran proekt, ti posakuvam uste mnogu vakvi ;)

    ReplyDelete