8.9.10

Канцелариски уживања:








Од секогаш сум се радувала на канцеларискиот материјал :) Ми се случувало да влезам во продавници за канцелариски материјали или книжарници и само да си разгледувам што се има. Мирисот на ранците вчера ме потсети на тоа кога бев мала и со мајка ми и татко ми со саати одбиравме прибор за во школо. Сега по повод започнатата школска година, продавниците се преполни со вакви ситници. Ова се го изнакупив само во маркет во кој влегов да си купам сок. Едноставно не можев да им одолеам на ови мали стикерчиња, пликоа за писма, моливчиња, спајалици во шарени бои и слично.
Имајте убав почеток на школската година и уживајте во малите нешта! :)


No comments:

Post a Comment