9.10.10

Новчаниче за тајни:



За да направите новчаничиња за тајни, и сите мали скриени воздишки во овие џепчиња, потребни ви се еден материјал што можете да го употребите од двете страни, копчиња, конци и ножици.


Исечете три парчиња со димензии 15cm на 17cm и две од нив преклопете ги од едната страна на материјалот, а едно од другата страна.


Пред да почнете да ги шиете на машина или може и на рака не заборавајте да обележите на кое место сакате да ви стојат копчињата и прво да го сошиете нив. Може да употребите по едно или повеќе копчиња на едно новчаниче. Потоа зашијте ги парчињата едно хоризонтално едно вертикално и едно да има преклоп на принцип на плико.


Сите три новчаничиња ставете ги на железно кругче и направете привезок од остатоците на материјалот додека сте сечеле. Исечете срце, кругче или некоја друга форма и додајте ги на железното кругче.







Уживајте во вашето новчаниче за мобилен, пари, ливчиња, визитки и секакви скриени тајни :)

No comments:

Post a Comment