15.10.10

Портокали и мисли:

Замислете си дека се наоѓате во една соба со дрвени прозорци и ролетни. Надвор е врнежливо, мокро и ладно. Вашата просторија е топла и темна, со потенцирани места од каде што се пробива мал сноб на светлина. Под прозорците имате наместено долгнавеста клупа за седење. Мека, тапацирана , без потпирач и поради тоа залепена до ѕидот. На неа поставени неколку плетени перничиња со копчиња во шарени бои. Вие седите на таа мала клупа со чинија полна исецкани портокали. Нивниот мирис се пролева низ цела соба. Вие седите со превиткани нозе кренати на клупата. Имате плетени топли чорапи како чизми кои си одговараат со плетените перничиња. Облечени сте во пижами и полека ги земате и густирате исецканите портокалчиња. Не го тргате погледот од прозорецот каде полека се сливаат капките од дождот. Надвор се создава заматена слика на полуоголените дрвја и вирови од дождот. Длабоко сте се замислиле на нешто но релаксирано седите и уживате во атмосферата која сте си ја создале сами.

No comments:

Post a Comment