17.11.10

Сладок Мир:

Замислете си дека ова патче го одите секој ден... Се враќате од работа или факултет, се протнувате по сите кривулести и извиени патчиња каде што секој ден погледот ви се задржува подолго време на различно место. Вие сте уморни и се брзате да стигнете во вашиот дом кој што се наоѓа некаде погоре од десната страна, но само што ќе се скриете во симпатичниот процеп, застанувате, земате здив и продолжувате да се движите полека. Повеќе не се брзате затоа што знаете дека веќе сте дома, ова е дел од вашето секојдневие. Влегувате дома, ги отворате сите прозорци и ги пуштате зраците измешани со некоја портокалова или зеленикава боја од фасадата од карши, да влезат и да бидат дел од вашиот ентериер.
Замислете си дека за ручек не сте подготвиле ништо и решавате да се симне
те повторно проаѓајки ги кривулестите улички за да дојдете до локалното ресторанче.
Седнувате. Нарачувате салата или нешто морско. Тогаш полека се впуштате во вашите мисли, забележувајки ги насмеаните лица наоколу... и ве обзема сладок мир.

1 comment:

  1. veke sum tamu..slusam opustena kubanska muzika i so blaga nasmevka na liceto go pijam kafeto cekajki ja svojata sakana.. :)

    ReplyDelete