28.11.10

Еуфорија:

Овој пат нема да ви пишувам за атмосфера која што може да си ја самислувате додека го читате овој пост и пиете кафе. Ова што сега ќе ви го доловувам е чувство кое реално можете да си го создадете вие самите - со моја помош се разбира, за да биде дел од вас и вашите убави мисли.
Периодот кој што сега следува за мене многу порано од сите останати :) е Новата Година и празниците пред и по неа. Во моментов овој пост го пишувам со голем мерак. :) И покрај сите обврски кои што ги имам, нема да се лишам од она што ми причинува задоволство. Добро, за да не бидам погрешно сфатена ќе ви подобјаснам што сакам да кажам. Самиот дочек на Новата Година односно самата вечер за мене како и за многумина нема никакво значење, тоа е обична вечер како и сите останати. Она што мене најмногу ми се допаѓа и ми представува најубав дел од годината се поготовките околу неа и расположението кое што владее низ сите градови. Луѓето се насмеани, шетаат, се е раздвижено, украсено, излозите светкаат, костени мирисаат од различни ќошиња на уличните продавачи, се слушаат Божиќни песни, на телевизија се даваат филмски маратони и уште ред други работи кои што ќе ги набројувам во наредните постови. Можеби е малку рано, но мислам дека свесно или несвесно секој го зафаќа таа еуфорија, а јас ќе ви ја донесам уште од самиот почеток на месецот :) низ низа примери кои што ќе ви ги претставувам секој ден. Ќе зборувам за тоа како сами да си направите домашна атмосфера во која што ќе се внесете и потонете во убави мисли, како да направите сами украсни декорации, што можете да подарите (рачно изработено) на вашите најблиски и слично.
Епа дечки, еуфоријата може да започне и покрај многуте обрски кои што сите ги имаме, да не заборавиме дека убавите моменти се оние кои што ни даваат сила да продолжиме понатаму!

3 comments:

  1. Е како да не му е на човек мерак да те чита? :)

    ReplyDelete
  2. bas taka i jas se osekam pred nova godina, super!

    ReplyDelete