3.12.10

Подметачи:


Овие подметачи можете да ги направите за многу кратко време, со помош на украсни траки кои што се продаваат во ролна. Можете да комбинирате 2 различни траки или само една иста. Потребно е да ги исечете на 3 парчиња од 50 cm и 4 парчиња од 25 cm (за еден подметач).

Парчињара сошијте ги едно со друго, а доколку немате доволно време да го направите тоа, можете и да ги захевтате со хевталица по краевите на траките.

Овие подметачи ќе ви ја разубават декорацијата на трпезариската маса или било кој дел од вашиот дом каде што ќе бидат поставени.


No comments:

Post a Comment