9.12.10

Каде ќе ја дочекате Новата Година?


Фотографии: Емилија Андреевска
Дали можеби би сакале Новата Година да ја дочекате на некое вакво место? Со забава на плажа и украсени палми со сијалички :) Таму можеби Дедо Мраз ќе се појави во капут по кратки ракави, шорцеви и сандали, можеби место да јадете врели костени ќе јадете некое тропско овошје и место да се санкате ќе пливате.
Сево ова би било прекрасно искуство, но верувајте сум била во слична ситуација и не е ни одблиску убава како оваа атмосфера која што се создава кај нас. Атмосфера на која што ние сме навикнати и е тотално симболична дури и во секоја приказна или филм :)
Се зависи до вкусот на една личност, а доколку ме прашувате мене, јас сум за елка место палма и снегче место песок. :)
Што мислите вие?

1 comment: