13.12.10

Елки:



Вчерашниот ден случајно ми се погоди два пати да китам елка :) Еднаш елката кај братучедите и вечерта мојата елка дома. Цел ден беше исполнет со весела атмосфера, лампиони, украси и сијалички кои трепкаа насекаде. Ова се фотографии од првата накитена елка, од мојата ќе ви ги презентирам наредните денови со сите омилени мои украси.
Сабајлево кога се разбудив атмосферата ја надополни снегчето кое што полека паѓаше, а низ прозорците сеуште се гледа чиста белина. И еве сега додека ви го пишувам овој пост седам во мојата убава домашна-светкава атмосфера баш онака каква што доликува за овој прекрасен период во годината.

No comments:

Post a Comment