15.12.10

Вкусот и амбиентот на овошјето:


Ова се свеќички кои можете да ги направите за некоја специјална и посебна вечер. Се подготвуваат од кора на портокал или мандарина, која треба внимателно да ја остраните од овошјето. За портокалот можете и да го исцедите, а лушпата да остане со што на едниот дел ќе направете отвор-дупка од горната страна.

Свеќичката ставете ја во долниот дел на лушпата и поклопете ја со другата половина. Колку повеќе портокали и мандарини изедете - толку поубава и поромантична атмосфера можете да направите:) Епа вечерва слободно можете да уживајте во вкусот и амбиентот на зимското овошје!

1 comment: