21.12.10

Честитки:


Убавата честитка за мене е составен дел од подарокот, а доколку се потрудите таа убаво да биде направена, завиткана и се разбира напишана, може да функционира и како доволен подарок за некого. Имагинацијата за создавање на една уникатна честитка е многу голема, и баш во неа можете слободно да се изразувате затоа што не постојат некои одредени правила. Формата, големината и материјалот можете да ги направите по ваш вкус, додавајки ливчиња, гранчиња, памук како имитација на снег и сл. Што се однесува до она што би го пишувало внатре, на многумина им е потешко во создавањето на некоја убава реченичка и мисла, па затоа еве јас ќе пробам да ви го олеснам тој дел и ќе ви посочам неколку убави мисли на англиски јазик земен како интернационален:
- " Christmas is a special time of year to remember those who are close to our hearts!"
- " May the season bring you the music of laughter, the warmth of friendship and always LOVE!"
- " May the season hold for you hope, wonder and amazement that you felt as a child! "
- " May the miracle of Christmas fill your heart with warmth and love!"
- " May your days be bright and your heart be light! Merry Christmas and a Happy New Year!"

No comments:

Post a Comment