1.1.11

Среќна Нова Година:





Среќна Нова Година им посакувам на сите следачи на "Пастелните Утра" и да бидат многу среќни (тоа за мене е најважното нешто кое ни го прави животот вреден)! Ова што денеска ви го постирам се неколку фотографии од тоа како јас и моите најблиски ги поминувавме веселите мигови вчерашниот ден. Подароците се составен дел од вечерта нели и поради тоа се потрудив подароците кои што ги направив на интересен начин да им ги подарам. Направив по два глинени лампиони за секого од кои на едниот од нив испишав порака за среќа од книгата за мудрости, а другиот го оставив само како декоративен. Бидејќи сите пораки беа различни и неможев да се одлучам која за кого да биде наменета, решив да им направам лотарија и секој да си извлекува подарок со порака. На крајот онаа порака што остана за мене баш беше погодена за приликата и гласеше вака: "Најсреќен е оној човек кој што направил среќни најмогу други луѓе!" :) Јас навистина бев среќна затоа што ги изненадив оние кои што го заслужуваат тоа. Направете го и вие истото. Изненадете ги со нешто оние кои што ви значат, подарокот не е важен, важна е намерата и гестот! :)

No comments:

Post a Comment