4.1.11

Празнични денови:


Деновите после прославувањата односно првите денови на годината што следува, сите ги поминуваме некако лежерно. Можеби затоа што заслужено сакаме да одмориме од напорната работа во изминатата година. Јас на пример овие денови ги користам за шетање, дружење и уживање во амбиентот кој се создава сам по себе. Ако пред неколку дена се правеа планови каде ќе се дочека Новата Година, сега се прават планови за организирањето на трпезата за Бадник или Божиќ. Седнете и забележувајте ги тие шушкања наоколу, ќе видите дека тоа всушност е убавината и магијата на празничните денови!

No comments:

Post a Comment