27.1.11

Икеа идеи:

Боите на Икеа за оваа сезона: пастелни нијанси на розева, сина, сива во комбинација со апстрактни слики во силни, дречливи и свежи бои. Како и на ѕидовите исто така и во текстурите се употребуваат флорални форми кои го освежуваат просторот.
Употребата на еден ваков сламен лустер го први просторот впечатлив и топол. Создава чувство на домашна атмосфера во која владее мир.


Секако постојат и идеи за сите оние кои што сакаат поспецифичен стил и смели потези при уредувањето. Афричките детали можат да бидат појдовна точка во имагинацијата при избирање на текстурата на завесите, теписите, ѕидните фотографии, сламените лустери, кутии и фиоки, боите на ѕидовите и мебелот и слично. Умешноста на комбинирањето на одреден традиционален стил и нешто модернистичко што сепак ќе го дефинира одразот на денешното време и живеење за мене е совршеноста во дизајнирањето.

No comments:

Post a Comment