25.1.11

Скопје via Мелбурн:

Поглед и чувство дека си над облаците.
Картата на центарот на Виена и околу него. Но тука ни одприлика не можат да се почувствиваат тесните и прекрасни улички во кои што вреди да се изгубиш :)

Колку е убаво да живееш во еден ваков апартман, барем за момент...

Какви се емоции можат да се доживеат од оваа глетка? Кочија, фасади со арки и жолто осветлени улички.

Порти од ковано желзо. Од левата страна тоа е порта од влез во станбена зграда. Замислете си го чувството дека секој ден ја отворате и затворате оваа врата... Ммммм...
Во потрага по кафич од кој што може да се посматраат минувачите и излозите околу нив...

И каде би можело да биде тоа ако не во кафич со вакво име - Cafe Europe? :)

Погледите ни застануваа на излозите топлејки си ги дланките и укајки неколку секунди додека воодушевувањето не се претвори во желба да влеземе и да го почувствуваме нивниот мириз.

Прошетката низ Виена беше кратка од неколку часа, но воодушевувањата и инспирацијата ми наговестуваа дека тука, еден ден мора да се вратам...

No comments:

Post a Comment