3.3.11

Параван - "Ѕвездена ноќ"

Еден од моите проекти наречен "Ѕвездена Ноќ"

- Дали знаете дека од една ролна тоалет хартија можат да се создадат 75 кружни форми? Секоја различна од предходната и секоја посебна... Комбинирајки ги и со употреба на малку имагинација можеме да постигнеме амбиент како ѕвездена ноќ преку светлото и сенките. Можете да ги сместите вашите ѕвезди некаде каде што ќе зрачат и ќе ја создаваат перфектната атмосфера за вас.
Оваа преграда (параван) е наменета за места како домови, канцеларии, кафичи, ресторани и сл. Служи како визуелна преграда за поделба на две различни функции во поголеми простории ( дневна соба и кујна, две различни бироа, маси во еден ресторан и сл.). Ова е една декорација која дава огромна индивидуалност и уникатен потпис на местото. Составот на материјалите е многу ефтин, а формите можат многу лесно да се додаваат, одземаат или преместуваат. Најважната карактеристика на оваа преграда е играта на светлина, секогаш различна, секогаш нова.









2 comments: