15.3.11

Возење низ времето:



Замислете си дека се возите секој ден во овој трамвај... Влегувате облечени во цветно-шарен фустан, носите големи наочари за сонце и подзамижувате од светлината која се создава преку стаклото од прозорецот. Се симнувате на место каде што има многу народ и полека се разминувате за да стигнете онаму каде што сте тргнале. Барот преполн со примамливи колачи и кафе со мирис на цимет. Столчињата во какао кафена боја, а масите округли со извиени ногарки. Во позадина оди некој "smooth jazz", а Вие пиете кафе, поткаснувате од колачот и ги собирате позитивните воздишки на минувачите...

No comments:

Post a Comment