18.3.11

Пролетни идеи:


Бидејки периодов работам на еден проект кој што во скоро време ќе ви го откријам, немам баш време да ги споделам со вас сите оние мали задоволства кои што ги забележувам и заедно да ја споделиме позитивната енергија. Сепак, пролетта доаѓа и веселата атмосфера по улиците е неизбежна, а со тоа и мотивацијата за пронаоѓање инспирација се повеќе расте. Барајте ја во утрата, во сонцето, во светлината, во небото, во дрвјата, гранките, насмевките и сл. Бидете и вие дел од пролетта и забележувајте го нејзиното појавување.


Ова е мојот избор на фотографии од блоговите кои што ги следам и сакав да ви ги претставам како интересни идеи како можете да средите една соба со употреба на многу малку елементи. Мене прво што ми текна кога ги видов е тоа дека кога се работи за соби за издавање (кога се оди на некој одмор), најчесто се средени само со кревет, четири бели ѕида и може да се појави по некоја слика. Тоа е многу монотона и досадна атмосфера за престојување. Со мал зафат собите можат да изгледаат многу поинтересно и привлечно, на пр. неизедначено фарбање на површината на ѕидовите со некоја ненападна и несекојдневна боја како на сликата горе.

Со оставени куфери од страната на креветот кои можат да се искористат како комоди-наткасни кои што ќе имаат и функција и декорација која е соодветна за престојот (патување-куфери).

Со употреба на завеси од двете страни на креветот, кои што се доста иновативно решение кои што ја надополнуваат празнината на просторијата, даваат уникатност, интимност, удобност, топлина и печат на ентериерот.
Ете неколку фотографии кои што мене ме натераа да размислувам на овој начин, можеби вас ќе ве поттикнат на нешто друго, но не заборавајте дека секоја идеја доколку е храбро изведена до крај е успешна мисија на секоја креативна душа! :)

No comments:

Post a Comment