16.4.11

Подарок од срце:





Пред некој ден и беше роденден на една од моите поблиски другарки, па затоа сакам да го споделам со вас она што го подготвив за нејзе. Тргнувајќи од мојата секојдневна опсесија - кафето и како синоним за дружењето и разговорот со другарките кој секогаш оди со него многу често се случува тоа и да ми е замислата за еден специфичен подарок.

Така, размислувајќи започнав со купување на шоља за кафе која што дома ја исцртав со бои за стакло и подоцна направив мафинс од полу готовата смеса која што се продава по маркетите. Колачињата одозгора ги декорирав со мрвици и знаменца за да изгледаат вкусно и неодоливо, подготвени за еден специфичен ден во годината - роденден!

Мојата другарка беше воодушевена, а јас среќна затоа што ја постигнав целта :) Се надевам ова доволно ќе ве мотивира и вие креативно да размислувате за подароците кои што ги подарувате на оние што ви значат.

2 comments: