6.5.11

Звуци:

Вечерва сум после долго време, расположена за Џеси Блејз и неговата поезија. Овие моментални мигови мене ми звучат вака:
- Веќе научив да ги разликувам различните комшиски врати на лизгање. Едната кочи, другата тропка, третата завршува со вибрирање на стаклото, четвртата е речиси нечујна, петтата испушташе звук како опашка на ѕвечарка... Веќе научив да ги распознавам марките на автомобили- Сааб, исцедено чкрипење на сопирачки, Форд, ласкава смиреност, ова сега е Волво! Научив и како дува кога следи гадно невреме, а кога ветрот плаши врапци. Знам и за работниците што тропаат со излижани ѓонови кон фабриката, за децата што доцнат на пустата математика, за глувите што се смеат погласно од другите. Казанчињата. Искрењата на дотраената инсталација. Будењето на моето тело на душекот. Знам и за мравките, и за топуците на жените што тргуваат со живо месо. Вечерва наизуст ја рецитирам во себе, целата таа мала тајна симфонија изведена во чест на тоа што Сузан повторно доцни.

No comments:

Post a Comment