18.5.11

Место направено со љубов:























Иако во последно време моите постови се поретки, бидејки работам на нешто што верувам ќе ви се допадне, во било која ситуација не изоставам момент да го фотографирам она што сметам дека е интересно за инспирација и подоцна да го споделам со вас. Ова што го гледате на фотографиите е еден многу интересен ентериер во кој што бев минатата недела. Сакав да ви го презентирам како инспирација за да се охрабрите да си го персонализрате вашиот дом. Размислете на тоа кои бои ви се допаѓаат, кои ве смируваат, каков амбиент сакате да постигнете и започенете да делувате. На почетокот тоа може да бидат некои мали промени како на пр. завеси, прекривки на гарнитурата за седење или декорации по полиците. Доколку тие промени забележите дека многу попозитивно влијаат на вас, можете да пременете и на следниот чекор со бојадисување на некои од ѕидовите или можеби набавка на некое ново парче мебел :)


Во секој случај, се надевам го делите моето мислење дека овој ентериер е тотално персонализиран и мнооогу удобен! :D

3 comments:

  1. Конечно нешто интересно, редовно ажурирано, направено со стил, трпение и љубов.
    Не знаев дека македонската блогосфера била толку пуста и сиромашна со содржини и идеи. Колку за промена од другите културни аспекти...
    Со задоволство ќе го следам твојот блог :)

    ReplyDelete
  2. Многу убав коментар...Фала ти многу Небеска, и добредојде! :)

    ReplyDelete
  3. Многу убаво е уредено станчево, баш по мој вкус, полно со бои одишува со ведрина, а плава и жолта се феноменална комбинација :) Фала за идеите :*

    ReplyDelete