21.5.11

Мафинс-вкусно задоволство:



Во последно време станав експерт во правење вакви колачиња - мафинс. Овие вкусни задоволства станаа многу чест десерт во нашиот дом. Се започна откако по грешка купив кутија во која јас мислев дека ќе бидат наредени ваквите готови колачиња, а всушност тоа било смеса која што треба дома сам да си ја доправиш :) И така, кога сфатив дека мафинсот се прави многу лесно со (купена скоро готова смеса), задоволството додека се полнат овие хартиени кесички е многу возбудливо, а мирисот додека се печат неодолив.... Ви ги препорачувам овие мафинси да ги направите кога ќе очекувате некој добар пријател или едноставно кога ќе сакате сами да се опуштите со кафе и десерт. Потонете во слаткиот мирс и прекрасниот амбиент! :)

1 comment:

  1. Ти благодарам за идејата, се ближи роденденот на една моја многу драга личност. Едноставни се дури и за моите кулинарски способности, брзи и ефектот - во комбинација со вистинските хартиени кесички и шарени свеќички - би бил повеќе од роденденски!
    Одвај чекам да му го разубавам денот на овој „среќник“! :)

    ReplyDelete