29.5.11

Низ чекорите на дизајнирањето:

Пројде веќе еден месец одкако сакав да го испрезентирам овој проект, ама најверојатно денес е вистинскиот момент :). Со овие неколку 3Д скици, сакам да ви го претставам одприлика процесот на дизајнирањето за сценографијата на која што работев подолг период.


Иако на овој пост можете да забележите неколку фази низ кои се движеше оваа сценографија, верувајте тие воопшто не беа единствените, но главната цел за оваа сценографија што требаше да се постигне беше следната: Просторот требаше да изгледа женствено, да биде отмен, да го носи духот на барокот (бидејки од тоа време потекнува и претставата) но воедно да биде доловено сегашното време на живеење.





Она што беше главно моја задача, беше да го создадам овој дух на претставата преку неколку поситни елементи. Како централни јас вметнав 3 столчиња кои што може да играат повеќе различни улоги.


Ове столчиња ги замислив да бидат во бела боја, како боја за отменост и чистина, а употребив и златни сегменти како слика за луксуз и наговестубање на Рококо стилот.


Иако многу делови од главната и последна скица не беа искористени поради разноразни причини, овие столчиња учествуваа како главен елемент во сценографијата и ги работев со огромно задоволство и мноооогу љубов :).

1 comment:

  1. Браво! Одлични испаднаа, само така продолжи :) :)

    ReplyDelete