4.6.11

Хуманоста и креативноста:

Секој од нас засебно е капка, но заедно создаваме океани...Знам дека сите вие сте свесни колку значи и најмалата финансиска помош за едно неизбежно лекување во странство. Овие предмети (брошеви и берничиња) кои што ги гледате на фотографиите, јас ќе донирам за помош за собирање на сретствата потребни за лекување на 20 годишната девојка Наташа, која боледува од леукемија.

Базарот на кој што ќе се изложат ќе биде во склоп на Баскерфест во Скопје од 07.06.2011 до 12.06.2011. Покрај овие мои производи, ќе бидат изложени уште многу различни рачно изработени предмети како накит, модни додатоци, слики, ѕидни декорации и сл.




Она што вие можете да направите е да донирате, купувајќи некој од овие или другите рачно изработени производи на тезгата, да ги споите хуманоста и уметноста и да бидете дел од создавањето на океанот... Освен овој начин за донирање, можете да донирате и преку телефони, жиро сметка или присуствувајќи на концертот на 06.06.2011. Околку последниве начини за донирање можете повеќе да се информирате преку кликнување на насловот на самиов пост.


Ви посакувам убав викенд!


No comments:

Post a Comment