15.6.11

Лето:

Фото: pinkwallpaper Можете ли да си замислите дека:
Во топлите денови на летото, додека сите прават муабети каде планираат да го поминат летниот одмор и кое место е најубаво за одмор, вие кроите еден многу уникатен план! Седите на тераса и додека некој ви се обраќа на вам, вие со мислите сте на едно многу поразлично место. Размислувате на тоа кои луѓе од друштвото можат да ви се придружат во планот и како да ја изведете вашата мисла... Се одлучувате на друштво околу 10 луѓе. Тројца од нив ги повикувате во истиот момент на кафе-муабет кај вас на гости, за да им ја соопштите идејата и да ви помогнат околу подкотовките. Обврските се распределуваат кој што ќе направи дома. Еден од вас има задача да набави многу перници и прекривки, друг да подготви интересна храна, трет да организира превоз... Тргнувате на пат за неколку дена... Со позитивна енергија, шумолењето на високо нараснатата трева по патот ја надополнува сликата. Со стар блуз кој се слуша од отворените прозорци на афтомобилите, фотографирате пејсажи на зајдисонце... Уживате и во ситните моменти кои се случуваат по патот, а кога ќе пристигнете на планираното место, во убавата викендичка со дворче... е тогаш започнува вистинскиот инспиративен одмор... Ги расфрлате прекривките и перниците на сите страни во дворот, палите свеќичќи во мали тегли и ги закачувате по гранките на дрвјата... Храната и пијалоците се тука, и забавата може да започне...
Звучи интересно нели? :) Ова е само еден мал поттик за убаво поминат одмор за паметење и пример за тоа дека не мора секогаш да биде на веќе видени дестинации, а уште помалку дека тој треба да биде на море! Убавиот одмор е во убаво подготвената идеја и убавата мисла! :)

1 comment: