10.7.11

Базар:

А сега мала доза креативни фотографии од последниот базар во Мала Станица. Јас и моите пријатели и колеги имавме задача да го претставиме нашиот креативен процес при работата и секако нашите дизајни. Ова мое креативно куферче :), беше полно со алатчиња за работа меѓу кои и котурчиња со текстилни ленти кои што се продаваа за секој оној што има шелба сам да си создаде некој дизајн и комбинација на бои.
Тектилните беџчиња беа повторно тука, спремни за секој сонувач.

Ова се моите текстилни ланчиња во летни бои како инспирација од топлите денови и ведрото небо!


Да, тоа сум јас и моето штандче! :)
Ова е Анита со нејзините парчиња соништа претворени во форма на филигран.

Јасмина со нејзините највкусни плодови наменети за надополнување на женскиот стил.

Оригами Арт од Битола ни ги презентираа своите вешто превиткани хатрии кои создаваат слатки предмети.

И за крај, ова е Кети со своите неодоливи уметнички дела спакувани во симпатични мали димензии.

2 comments:

  1. prekrasno, sekoja vi cest devojki prekrasni se vashite katcinja ;)

    ReplyDelete
  2. mnogu ubavi raboti, bash mi e krivo deka go propushtiv ovoj bazar. mnogu mi se svigjaat tvoite gjerdani od tekstil.

    ReplyDelete