25.7.11

Многу, многу сино:

Здраво од дома! Вчера се вратив од прекрасниот Охрид, кој е секогаш доволно инспиративен за моите постови, а поготово во текот на летото каде што преовладува целата палета на бои. Додека седам на плажа, уживам да го гледам хоризонтот каде што се преливаат боите од најтемно сино па се до најсветло бело, да ги гледам движењата на најситните облачиња кога ќе се појават на небото, одблесоците на сонцето, движењата на малите рипчиња кои ја брануваат водата, прелетувањето на птиците, пиркањето на ветрот и уште многу други работи... Сето ова ми остава толку силен впечаток што ме тера да го замрзнам секој момент. Затоа и не се чудете што овој пост ќе биде исполнет со толку многу "плаво". :D

No comments:

Post a Comment