26.7.11

Необичен вкус на кафе:



Овие кафиња ги правевме јас и сестра ми, од еден рецепт кој што не ми текнува од кој блог сум го превземала... Случајно го најдов во некој од моите фолдери и ми звучеше премногу интересно па морав да го пробам. Многу едноставно се прави, а вкусот е одличен и несекојдневен. Потребни ви се:
  • 150 мл млеко
  • 100 мл свежо сварено црно кафе
  • 6 супени лажици трошки од бело чоколадо
  • шлаг
  • додатоци по избор
Во ѓезве искомбинирајте ги млекото и трошките од бело чоколадо и подгревајте ги на млака температура, додека чоколадото не се растопи целосно. Кафето сипете го во шолја и одозгора додадете ја комбинацијата од млекото и трошките од бело чоколадо. За декорација ставете од шлагот и по избор додадете мрвици, чоколаден прелив, сируп од карамела или јагода или нешто друго по ваш вкус.
Кафето ќе биде готово за многу кратко време, а вие можете да ги викнете вашите најблиски пријателки и пречекајте ги со убаво сервирано кафе во овие летни денови. Вниманието од ваша страна би му го разубавило денот на било кој што ви значи. Уживајте!

2 comments:

  1. Vcera mi bea prijatelkite. Im go spremav ova specijalno kafe i site se voodusevia, a eve i Boris go posrka svoeto sega :D Fala za recept! :*

    ReplyDelete