29.7.11

Модерни 30-ти:


Ова е уште една сцена од моите сценски дизајни која што ја направив пред неколку месеци. Искористив многу предмети од мојата баба и имам уште многу други кои што чекаат на ред :). Чудно е кога сме свесни дека со текот на времето ни се менуваат и вкусот и стиловите и колку може да ни се допаѓаат работи за кои што никогаш порано не сме помислиле. Така сега јас... Баш сум во фазон на 30тите и на 60тите... Почнав да собирам најразлични предмети кои што останале во некое ќоше кај бабите или пак модерни предмети кои што наликуваат на тие стилови, за да можам подоцна да ги употребам во една сцена или ентериер. Со еден збор уживам да ги комбинирам различните стилови во модерни верзии и да ви ги раскажувам на вас! :)
Имајте убав викенд и правете го она што ве исполнува!

1 comment:

  1. винтиџ? и јас го обожавам посебно со примеси на модерното ;)

    ReplyDelete