9.8.11

Како сами да си направите ограничувач за книга од стапчиња за сладолед:

 Ограничувачи за книга можат да послужат секакви наједноставни ливчиња кои ќе ни се најдат при рака, но навистина е зачудувачки фактот колку најразлични форми од нив можат да се најдат во продавниците. Лично јас сум голем љубител на ограничувачите и често си купувам, но пред некој ден ми дојде одлична идеја како сама можам да си направам еден интересен дизајн.


За мојот дизајн потребни ви се две дрвени стапчиња од сладолед и лепило. Она што треба да го направите е да ги залепите двете стапчиња до пола со тоа што горното ќе биде повисоко поставено од долното, за да може страницата да влезе помеѓу нив. Останатото го оставам на вашата имагинација. Пред да ги залепите овие стапчиња можете да ги обложите со конец како што направив јас, да ги офарбате или да ги оставите дрвени како што се. На ивицата на горната страна додадете некоја интересна форма, тоа е всушност делот кој што ќе се гледа надвор од книгата.
Па, одберете ја вашата следна книга за читање, употребете го вашиот нов дизајн и уживајте во секој најмал момент!

2 comments:

  1. еј, баш добра идеја.

    ReplyDelete
  2. ааааах супер е ова одлична идеја :)

    ReplyDelete