21.8.11

Одмор:

 Оваа измината недела бев на неколку дена во Грција. Иако планот ми беше да отидам и да купам некои работи и материјали за она што сакам да почнам да го работам многу наскоро, моето патување испадна повеќе одмор, а помалку пазарување :). Како и да е... Ова се моите фотографии од мојот одмор во буквалната смисла на зборот. :)

 Мојот поим за одмор подразбира, кафе, плажа, уживање, размислување, излив на идеи и секако фотографии за мојот блог. Тоа е моето слатко уживање...

 По некоја случајност апартманот во кој што престојував имаше тераса која што директно гледаше накај оваа прекрасна палма. Секое утро обожавав да ја разгледувам нејзе и малата претстава која што ни ја приредуваа едно семејство на гулаби. Мажјакот секое сабајле одеше по неколку пати да собира храна и да и ја носи на женката која имаше скриено гнездо некаде внатре. Се движеше по гранката напред и назад како по некоја величенствена патека. Баш поради тоа и ги ставив овие две фотографии да ви го доловам овој романтичен момент. :)
 Ова е инспиративната слаткарница во малото градче со примамливи палачинки и мнооооогу "Nutella".
 Кафе и плажа :)

Палма, кафе и плажа :)
 Грчко ресторанче и морска храна...

 Плаво небо и пастелни мисли...
А, кој е вашиот поим за одмор?

2 comments:

  1. i ja ću sutra u Grčku, pa se nadam da je sve sjajno kao na tvojim sličicama ;)

    http://fashioncookiecs.blogspot.com

    ReplyDelete