4.9.11

Роденденски подарок:

Овој пост и го посветувам на мојата најдобра другарка Ана. На Ана и е денес роденден...се знаеме веќе 16години (од прво одделение) и мислам дека ова е првиот нејзин роденден кој што не можам да и го честитам во живо. Добро можеби имало уште еден ама секогаш била тука барем приближно околу овој ден. Денес јас и Ана најверојатно правиме сосема различни работи. Ако некогаш сме седеле во иста клупа, сме учеле од исти книги, сме живееле во ист град и сме се дружеле со исти луѓе, сега сето ова е различно. Како и да е, знам дека сега јас и Ана имаме мноооогу обврски овој месец и и сигурна сум дека едно вакво уживање и на двете премногу би ни годело! :)





Ах, периодов сум многу под влијание на Мarie Antoinette ако не сте го гледале обавезно да го направите тоа, а ако сакате подетални информации околу амбиентот на постот и забавата која што сигурно ќе си ја приредиме јас и Ана кога ќе се врати, погледнете го линков http://www.youtube.com/watch?v=cLJ1vuUWprA , нормално сцена од Marie Antoinette ;).

No comments:

Post a Comment