18.9.11

Моето Ателје:


Дечки, незнам за вас, ама овој викенд беше дефинитивно среќен викенд за мене... Едвај успеав сега да седнам на моето место за да ја споделам и со вас среќната вест. Конечно можам да кажам дека имам свој простор за работа - свое ателје. Веќе одамна ги разгледував можностите за изнајмувањето на соодветен простор, но никогаш не сум сакала да зборувам пред време... незнам можеби е некој вид на суеверност за дане случајно не испадне по моите планови :) Како и да е... после долго очекување, сега тука е, готово е, мој е! На оваа прва фотографија е просторот однадвор, нели е сладок? :D
 Вчерашниот ден и денес носев некои основни работи како фиоки за моите материјали кои што конечно ќе имам кај да ги складирам. Конечно ќе можам да ја растеретам својата соба коа што се до вчера функционираше како работилница со кревет...
Сигурно сега се прашувате што ќе работам во ова мое ателје. Всушност мојата цел е едноставна... - Ќе ги работам сите оние дизајни кои што не можев да ги работам дома. Оносно ќе работам со редизајнирање на "Vintage" предмети и мебел и ќе ги разрабоувам моите концепти за сценографии. Секако, на вас ќе ви го презентирам секој дел од мојата работа, а вашите коментари и било какви прашања се секогаш добредојдени, се надевам дека знаете? :)
Да тоа сум јас како местам фиоки..




Ова е моето прво испиено кафе во мојот простор. Ах, јас и моето кафе... :)  Од утре се надевам дека полека ќе можам и да започнувам со моите неколку помали проекти кои што чекаат на мене, а за што станува збор ќе прочитате утре.
Имајте убави и инспиративни мигови!


3 comments:

  1. chestito, viktorija. ti posakuvam mnogu uspeshni proekti vo novoto studio.

    ReplyDelete
  2. Супер Вики, со среќа и убаво дружење со материјали и предмети да имаш во новото атеље! :)

    ReplyDelete