21.9.11

Црно - Бела инспирација:

 Можеби поради времево сиво, во собата ми се прават контрасти од светло и темно и прозорите ми фрлаат големи сенки. Незнам... можеби поради ова, а можеби и не, ама јас денес сум под влијаније на црно - бело комбинирање. Овој материјал на сликата заедно со уште неколку други ги имам купено уште пред неколку месеци. Не ме прашувајте како успеав до сега да не ги чепнам зашто ни сама незнам. Мислам дека беа испитите во прашање... хммм... :) Сега дојде на ред едниот од нив. Шијам големи перници за во собата на сестра ми, кои ќе служат за потпирање додека се седи на кревет. Додека ги шиев нив, сосема случајно ми дојде една друга идеја за комбинирање на црно - бели пердувчиња. Некакви декорации од нив ќе почнам да правам уште утре.  




Ова е една од перниците кои што сеуште ги шијам. Мене премногу ми се допаѓа овој текстил во риги, а боите нормално - одговараат со се, па дури и да е нешто шарено во ситни цветчиња или сл. Се надевам ви пренесов малку и на вас од мојата инспирација, па почнете да креирате!

1 comment:

  1. Мојата омилена комбинација.
    Црно-бело - безвременска елеганција.

    Многу убава перница, иако овој дезен на риги првично ме потсетува на Браќата Далтони од Таличниот Том. :)

    Сепак, фино.

    ReplyDelete