13.9.11

http://simonstojanovski.com/

Ова е една прекрасна, мала, удобна куќа на плажа, а воедно и еден од многуте дизајни на мојот  партнер ( во секоја смисла на зборот :) - Симон Стојановски. Пред само неколку дена ја промовираше својата web-страна http://simonstojanovski.com/ , каде што ги има претставено сите негови досегашни проекти класифицирани во неколку области како: дизајн на ентериер, индустриски дизајн и архитектура.
Па, однесете ги вашите мисли да одлетаат во овој прекрасен амбиент на ентериер, замислете си дека пиете кафе и читате весник во една ваква куќичка на плажа, се будите од еден ваков светлосен зрак и ве обзема чувството на позитивната хармонија која што владее околу вас. И не заборавајте... амбиентот не можете да го украдете од некое место, но можете да го доловите во вашиот простор, а за секој совет или идејно решение, обратете се тука http://simonstojanovski.com/ ;)

2 comments:

  1. како би живеела тука :-)

    ReplyDelete
  2. Многу креативно и прекрасно за око. :)
    p.s. Те следам.

    http://sassycasual.blogspot.com

    ReplyDelete