1.10.11

Забавата може да започне:

 Вака изгледаа моите подготовки за забавата во текот на изминативе неколку дена. Цветовите кои што во претходниот пост ви покажав како се прават, сега ги правев од салфетки затоа што ми требаа во малку помали димензии и во бела боја. Потоа ги нанижив на конец за подоцна да   можам да ги закачам на таванот.
Уште неколку други типови на декорации секако би се совпаднале да разбијат монотонија. :)



 Како што кажав, оваа забава е во знакот на жолтото и белото. Секогаш е полесно кога палетата на бои ќе се одреди на почетокот. На тој начин предметите и декорациите полесно можат да се одберат и комбинираат. Следната идеја која што ми дојде на памет беа декорациите од букви. Одредив да исконструирам  и да исечам од картон букви кои што ќе го формираат зборот "HAPPY". Happy Birthday ми звучеше премногу веќе видено, а само "happy" имаше повеќе опции за секој да си го сфати на свој начин. :) Па така почнав да ги бојам најпрво со бела основа, а подоцна додавав жолти декорации.




Вчера ги имав завршено сите декорации и вечерта почнавме да ги редиме сите на своето место. Денес веќе се е подготвено. Вечер забавата може да започне, а утре... утре ќе ви раскажам како оваа тематска забава беше прифатена и како се ова изгледаше на дело. :)
Имајте убав викенд!

2 comments:

  1. супер изгледа. весело. те викам за следната забава.

    ReplyDelete