14.10.11

Работна атмосфера:

 Знам дека ме немаше овие неколку дена со постови на Пастелните Утра, но еве едно мало оправдување зошто :). Иако деновиве сакав да ви го претставам она што го работам, незнаев на кој начин да го направам тоа, затоа што започнав многу дизајни во исто време, а сеуште немам некој готов производ. Една од работите кои што ги започнав неделава е подготвувањето на мојот нов блог, односно истиов овој блог My Pastel Mornings но со постови на англиски јазаик. На него сеуште работам. Друг поголем проект кој што ми е во подготовка се редизајнот на две ретро столчиња (кои што можете да ги видите најдоле на постот) и една комодичка. Во нив има многу работа, па така се надевам дека наредната недела ќе ги завршам. А на овие две фотографии можете да видите дел од една мини колекциичка што ја направив од две пастелни бои кои што можат лесно да се комбинираат со се. За неколку дена ќе ви ја презентирам целата колекција, а ќе може и да си нарачате доколку нешто ви се допадне.

Вака изгледа дизајнот на столчињата, мене многу ми се допадна уште од првиот поглед, а замислете си како ќе изгледаат освежени во боја и одличен текстил за тапацирање. Мммм... Палетата на бои сеуште не ви ја откривам :).
Имајте убави мигови, што и да правите!

1 comment:

  1. баш е убаво кога човек е зафатен со неколку проекти и има уште неколку во план.
    едвај чекам да ги видам столиците. и на моите дома им треба разубавување.

    ReplyDelete